(ВИДЕО) Георгина Родригез откри дека имала три спонтани абортуси

Новата сезона од документарната серија на Георгина Родригез премиерно ќе биде прикажана на 24 март, во која таа ги открива најинтимните, потресни и непознати детали од нејзиниот живот. Меѓу другото, таа сподели дека доживеала три спонтани абортуси, пренесува „Ел Еспанол“.

Загубата на едно од нејзините бебиња минатиот април зазема суштински дел од приказната на втората сезона на „Сој Георгина“. Манекенката и инфлуенсерка не сакаше тоа да го држи за себе и јавно проговори за тоа како таа и нејзиното семејство живееле во тој тежок момент, но и какви емотивни последици оставило тоа врз неа.

„Ел Еспанол“ е првиот што ја видел првата епизода од втората сезона и објави дека партнерката на Кристијано Роналдо открила дека доживеала три спонтани абортуси. Во серијата таа се сеќава на првите месеци од бременоста како „ужасен период, бидејќи постојано повраќала и многу спиела“. Посетите на гинекологот во Мадрид биле полни со илузии, но и многу стравови.

-На секој ултразвук многу се плашев, бев многу напната, бидејќи претходно имав три спонтани абортуси и пристигнував скршена на прегледите, вели Георгина.

Кога конечно дошол моментот кој Георгина и Кристијано го чекале толку долго, судбината ја претворила среќата во солзи.

-Тие се родија во понеделник на Велигден, доаѓа најочекуваниот момент и твоето срце застанува. Бела е родена силна и здрава, но парче од моето срце одлета. Се прашувате како ќе продолжите… Не бев подготвена да прифатам или да признаам што ми се случи и не бев подготвена да им кажам на моите деца, се присетува Георгина.

Не можела да најде начин да објасни нешто што и било необјасниво и решила прво да го скрие од децата.

Бидејќи се уште имала стомак на децата им рекла дека другото бебе ќе се роди малку подоцна. Героргина открива дека кратко потоа Роналдо им соопштил на децата дека второто дете е во рајот.

Уште додека била во болница, нејзината сестра Ивана се погрижила детската соба да нема две креветчиња, бидејќи сакале да ја заштитат од тој удар. На Георгина и било тешко емотивно да се опорави, а открива дека седум дена не излегувала, дури избегнувала да ги носи децата на училиште за да не се соочи со погледите на другите мајки. И денес верува дека тоа не го совладала.

-Никогаш нема да бидам истата, вели инфлуенсерката.

Во серијата таа му се заблагодарува на Кристијано Роналдо за безрезервната поддршка и љубов.

20.03.2023 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега