(ВИДЕО) ЈСП ги префрли автобусите во Транспортен центар по најавената блокада на приватните превозници

 

Откако приватните превозници најавија дека утре своите возила ќе ги паркираат пред централата на ЈСП, јавното претпријатие своите автобуси чии линии тргнуваат од централата во Автокоманда ги префрли во Транспортниот центар под Железничка, пренесува Телма.

Уште пред еден месец започна хаосот со јавниот превоз во градот. Тогаш вработени во ЈСП протестираа заради неисплатени плати. По нив, приватниот превозник „Макекспрес“ поради долг прекина со работа. Приватните превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ во Скопје функционираат со 15 автобуски линии.

24.11.2022 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа