ВИДЕО: Кадар кој не отиде во директен пренос – Ѓоковиќ се обиде да го избегне ударот, но задоцни
Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето рутински си ја одработи фаворитската улога и се пласира во полуфиналето.
Неговиот противник, Мартин Фушовиќ не успеа да го запре најдобриот тенисер во денешно време, кој славеше со 6:3, 6:4, 6:4 и се избори за дуел против Денис Шаповалов во полуфиналето на Вимблдон.
Српскиот ас сепак, имаше мали проблеми на „централниот терен“, што не беше видено во директен ТВ пренос. Топката во еден момент го погоди во „машкоста“, но тој успеа брзо да го амортизира ударот и без последици да го заврши натпреварот.
Unforced error...#Wimbledon pic.twitter.com/E5FcaClXeT
— Wimbledon (@Wimbledon) July 7, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа