(ВИДЕО) Каевски: ММФ ги подобри проекциите за македонската економија, мерките на СДСМ даваат резултати
„Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, економијата е отпорна во време на глобална криза.
Мерките за намалување и замрзнување на цените на основните прехранбени продукти со ‘гарантирана’, директно влијаеа за заштита на стандардот на народот но и за намалување на инфлацијата“. Ова го истакна на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
Тој додаде дека потврда за тоа било намалувањето на инфлацијата на досега најниски 6.6%.
„Иако е глобална криза македонската економија расте и тој раст ќе продолжи. Потврда за добрите економски мерки стигна и релевантна меѓународна финансиска институција. ММФ ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува стапка на раст од 2,5% годинава и 3,2% за 2024 година. Проекциите на ММФ се дека растот на БДП во земјава ќе биде поголем од оној на Србија, Бугарија Словенија, како и за 1,8 проценти повисок во однос на просекот на ЕУ.
Македонија го задржа и кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, изјави Каевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа