(ВИДЕО) Канал 5: Велешанецот Ване низ солзи „Греота е ова што го прават, на народот..“
Верувам дека знаат, тоа е гребење по коските, по нервите, не го доживеале, греота е ова што го прават, на народот....
Вака, велешанецот Ване, кој првично имал дијагноза - рак на дебелото црево кој се проширил и на белите дробови и црниот дроб, и го затекнавме пред Онкологија ни раскажа за тоа што чувствува откако дознал дека полицијата влезе од Онкологија и собира документи за да може да се потврдат сомнежите и наводите дека дел од лековите за болните се краделе и се препродавале на црно, пренесува Канал 5. Тој, иако има само пофални зборови за неговата докторка онколог, вели дека одамна е загубена довербата во здравството.
Со Ване во исти ред или пред врата на Онкологија денеска имаше редица пациенти и нивни блиски, кои велат ако се даваат раствори наместо лек, зошто чекаме со часови и молиме за лек.
Помладите пак, велат, не знаат што да очекуваат, кога не се сигурни дали се тие терапии оние кои ги примале. Велат, сон не не фаќа.
Други пациенти и нивни блиски, кои од Охрид рано дошле на Кликика се без коментар за случувањата, ама кажуваат дека и денеска како и секој ден на Онкологија е хаос.
Во меѓувреме, реагираат и лекарите. Првиот човек на Клинички центар вели дека сомнежите се срам за белиот мантил и побара да не се ставаат сите „во ист кош“, бидејќи ако има дело, има и конкретни сторители.
Помеѓу лекарите кои реагираа по изнесените сомнежи кои се во предистрага во обвинителство е и Д-р Драган Даниловски, поранешен министер за здравство. Тој на социјалните мрежи напиша дека ова што се случува е пораз и срам за белиот мантил, кој никогаш нема да може да се испере, пренесува Канал 5.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа