(ВИДЕО) Ламбе Алабаковски во „Бомбакис поткаст“ за првпат со детали за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

 

Македонската музичка ѕвезда Ламбе Алабаковски вечерва гостува во „Бомбакис поткастот“ на Кристијан Станковски. Ќе дадде детали за неговото детство, за неговите најголеми хитови, за животот во Америка, а говори и за сегашните, но и идните музички планови.

Алабаковски за првпат ексклузивно во „Бомбакис поткастот“ ќе проговори и за палењето на Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. Сите детали дознајте ги вечерва, во шеснаесеттата епизода од поткастот во 21 часот, на YouTube каналот „Bombakis“.

За потсетување, последна гостинка во поткастот на Кристијан Станковски беше водителката Снеже Велков. Таа искрено го сподели нејзиното најлошо новинарско искуство кое го доживеала, а станува збор за искуство со Жера, од бендот „Црвена јабука“.Тој ја избркал од просторијата, не и дал интервју, а сето ова се случувало и пред очите и на останатите новинарски екипи кои биле присутни таму. Жера реагирал волку бурно, бидејќи таа му понудила да јадат црвено јаболко. Велков откри дека очигледно вака постапил бидејќи бил под дејство на алкохол. Гостувањето на водителката Велков погледнете го во продолжение.

20.04.2023 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега