ВИДЕО: Мајка открила трик за чистење на машината за перење алишта - ги отстранува нечистотиите, а облеката нема да се оштети при перење

 

Пробајте го овој трик и верувајте, ќе бидете задоволни…

Чистењето на машината за алишта е повеќе од потребно бидејќи во самата внатрешност се таложат голем број на бактерии, бигор, каменец и остатоци од омекнувачот.

Токму затоа, не смеете да заборавите внатрешниот дел од машината за алишта барем еднаш месечно детално да го исчистите.

Една мајка на ТикТок сподели трик кој не само што совршено ја чисти вашата машина, туку ги намалува и шансите облеката да се оштети при перење, пренесува Дејли Мејл.

– Најпрвин, целиот внатрешен дел избришете го со крпа и мешавина од алкохолен оцет и пет капки есенцијално масло од чајно дрво.

– Потоа, испразнете го филтерот од пумпата и измијте го со топла вода и детергент за миење на садови. Филтерот треба редовно да го чистите бидејќи во него може да се заглават некои предмети, како чорапи, марамче, парички и други предмети кои заедно со алиштата одат во машината.

– Додадете средство за чистење по избор во машината и уклучете ја на 40 степени.

– На крајот отворете ја вратата од машината за добро да се исуши.

Погледнете ја целосната постапка во видеото:

@mama_mila_

How to deep clean your washing machine  #cleaninghacks #cleaningtips #cleanhome #deepclean

 Celebrate the Good Times - Mason

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2021 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега