ВИДЕО: Марко „Дај побрзај“ направи лом во кујната на Телма
Водителот Марко Новески беше гостин во „Уринска на Телма“ во рубриката „Оброк на денот“ каде требаше да приготви оброк кој ќе им го претстави на гледачите.
Додека тој разговараше со водителот Ненад Геогриевски, но и го подготвуваше оброкот имаше незгода, која го насмеа цело студио, но и цела македонска јавност бидејќи емисијата оди во живо.
Во моментот кога го затвори садот од блендерот и го поткрена од долниот дел истече цела течност и сите состојки се најдоа на работната маса од кујната и подот, затоа што долниот дел од садот не беше затворен.
Моментот кога Марко прави бербат во кујната на Телма е на 09 и 01 минута.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа