ВИДЕО: Медицинарите од Драчево казнети оти гласно го слушале Ефто Пупиноски
Снимка со медицинарите во Здравствениот дом во Драчево се појави на социјалните мрежи откако беа фатени дека слушаат гласна музика.
На видеото може да да се забележи дека во ходниците ечи песна од македонскиот пејач Евто Пупиноски.
Новиот директор на Здравствениот дом – Скопје, Вулнет Селими, најави санкции поради пуштање прегласна музика во поликлиниката во Драчево.
„По објавувањето видеоснимка од внатрешноста на поликлиниката во Драчево, на која се слушаа песни на исклучително висок тон, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку часа ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток оправдувајќи ја по повод пензионирањето на вработен во поликлиниката, што и, според него, е над нормалното“, напиша Селими на „Фејсбук’.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа