ВИДЕО: Напад на Херсон, има загинати

 

Руските сили синоќа  ја нападнале областа Херсон на југот на Украина, која неодамна беше делумно ослободена, соопшти гувернерот на Херсонската област.

Во нападите, руските сили убиле пет цивили и повредиле 17, меѓу кои и едно шестгодишно девојче, тврдат властите.

Јарослав Јанушевиќ, гувернерот на Херсонската област, објави дека девојчето е тешко повредено во рускиот напад и е пренесено во болница со повеќе повреди од шрапнели. Нејзината состојба е сериозна, рече тој.

Објави дека руските сили ги нападнале ослободените делови на регионот Херсон 74 пати со артилерија, повеќе ракетни фрлачи, минофрлачи и тенкови.

Украинските сили неодамна го ослободија западниот дел на регионот Херсон. Ослободен е целиот дел од тој регион кој се наоѓа западно од реката Днепар, вклучувајќи го и градот Херсон, кој речиси девет месеци беше под руска окупација. Ослободувањето на градот Херсон беше особено значајно бидејќи тој беше единствениот главен град на украинскиот регион кој беше под окупација на руските сили.

24.12.2022 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега