(ВИДЕО) Николоски за Сител: Уште првиот ден наидовме на пустош

„Не сакам да давам рокови, ние во нашата програма напишавме до крајот на 2026-та година, што мислам дека е реален рок. Јас секако ќе направам се заедно со мојот тим и заедно со новиот директор на ЈП за државни патишта, бидејќи сметам дека постојниот нема капацитет да го води тоа претпријатие“, истакна Александар Николоски, министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија, одговарајќи на прашањето кога ќе се изгради автопатот Кичево – Охрид.

Николоски додаде дека ќе се залага рокот за завршување на автопатот Кичево – Охрид да биде пократок. Тој потсети дека што изградбата на сите магистрални, регионални и експресни патишта и автопатишта е надлежност на ЈП за државни патишта. А, министерството е контролор.

„Она што го знам и како мое сознание и што го видов денеска во министерството, бидејќи ова беше првото нешто што го побарав од вработените е дека имаат три проблеми, првиот проблем е со изведувачите, еден несериозен однос. Вториот проблем е имотно правни прашања односно прашањата на експропријација. И третиот проблем е проблем со свлечиштата или т.н. косини“, рече Николоски.

24.06.2024 - 20:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега