ВИДЕО: Норвешкиот Дедо Мраз е во роматнична врска со маж

Норвешката државна поштенска служба „Постен“ одбележува 50 години откако оваа земја престана да ги дискриминира истополовите заедници, со божикна реклама во која Дедо Мраз е во романтична врска со маж по име Хари.

Во речиси четириминутното видео насловено „Кога Хари го запозна Дедо Мраз“, што е референца за филмот од 1989 година „Кога Хари ја запозна Сали“, со Били Кристал и Мег Рајан во главните улоги, се прикажува нивната прва средба, кога Хари го гледа Дедо Мраз како тој доставува подароци во неговата куќа, пренесува „Ројтерс“.

Среќавајќи се секој Божиќ во текот на неколку години, двајцата полека градат врска, но распоредот на Дедо Мраз дозволува само кратки средби, сè додека тој не одлучи да го ангажира норвешки „Постен“ за да помогне во испораката на подароци, па двајцата конечно можат да поминат време заедно и да се бакнат во последната сцена.

На крајот на рекламата на екранот се појавува текст кој вели: „2022. Норвешка одбележува 50 години од можноста да сакаме кого сакаме“.

„Постен“ во соопштение порача дека компанијата е инклузивна работна средина со голема различност и дека сакале да ја прослават 50-годишнината со убава љубовна приказна.

 
25.11.2021 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега