Видео прегледано 13 милиони пати: Келнер покажа што се случува додека корона „беснее“ низ телото
Пријател не му верувал дека нема чувство за мирис и вкус па му предложил да изеде нешто ужасно.
Расел Донели, келнер и актер се заразил со коронавирусот, а притоа едвај имал некои симптоми. Поради позитивен тест тој моментално се наоѓа во самоизолација, а единствен симптом кој укажува дека е заразен со Ковид 19 е дека не чувствува мирис ниту вкус.
„Вториот бран не е воопшто наивен и не е шега.„Имав среќа што го поминав ова“, изјави Расел на „ТикТок“, каде објави видео кое покажува дека го изгубил чувството за мирис и вкус. Снимката ја погледнале 13 милиони луѓе, а Расел демонстрира што све може да изеде а притоа да не почувствува ништо.
„Пријателите не ми веруваа, па ми предложија да изедам нешто со лош вкус или силен мирис, па јас се согласив. Прво изедов лук, малку почувствував во синусите, но ништо посебно. Потоа паста од лук тоа беше баш лесно. Сок од лимон држев во устата, почувствував само дека ми се стега јазикот, но никаков вкус. Потоа пиев сок од портокал после четкање на забите и повторно ништо. Потоа продолжив да гризам кромид и лук и да го полевам со масло и лимон.
Сите оние кои мислат дека вирусот е лага или дека не е страшен мораат да знаат дека јас имам среќа да се шегувам со својата ситуација, но има други кои не се толку среќни и за некои од нив вирусот е фатален“ вели Расел.
Covid taste testing. This is the craziest sensation. ##covid19 ##fyp ##MyHobby ##fineart
Covid taste test part 4! Enjoy! MERCH IS ON THE WAY STAY TUNED. Like, share, comment! ##rustardlikemustard ##dontspilltheanchovies
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа