ВИДЕО: Скопјани губат свест од топлото време

Високите температури направија хаос низ земјава. Здравствените работници се со полни раце работа. Телефонот во итната медицинска помош не престанува да ѕвони, а во Скопје најмногу се интервенирало на јавен простор.

Зголемен е и бројот на пожари. Од утрово се интервенирало врз четири.

Но, горлив проблем летово останува гаснењето на евентуални шумски пожари од воздух. Имаме три ер трактори, но само еден пилот.

Средношколците ја завршија годината, но тоа не е случај за основците. Во клупите, придружувани со високи температури и со отсуство на клими, ќе останат до 17 јуни. Реагираа наставници и родители. Од Меѓаши порачуваат да се најде компромисно решение, во интерес на децата.

Намалување на температурите се очекува во четвток.

11.06.2024 - 19:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега