ВМРО-ДПМНЕ: Американски институт се сомнева во Филипче ги лажира бројките на починати од корона

Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица. Оваа бројка ја објавува американскиот институт Хелт дата (Health data) и ја рангира Македонија на шесто место по смртност на 100 илјади жители во светот. И не само тоа, американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата.

Ова изутрината го соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека Филипче не само што не направил ништо во битката со пандемијата, туку и го криел бројот на починати од Ковид-19.

-Секојдневно има по повеќе од десеттина починати и покрај тоа што бројките на новозаболени се намалуваат. И според Ворлдометар (Worldometers) Македонија на светската листа по број на починати на милион жители е четврта. Сомнежите за работата на Филипче, сомнежот за лажирање на бројка на починати од корона е од американски институт. Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати. Затоа Филипче ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

23.05.2021 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега