ВМРО-ДПМНЕ: Додека има недостаток на лекови, амбулантни возила и вакцини, директорите на ФЗОМ аздисуваат и купуваат луксузни возила

Однародената власт на Заев наместо инвестиции во здравството парите ги троши за луксузни возила. Во време на економска, но пред се здравствена криза директорите на Фондот за здравствено осигурување купуваат две лимузини, односно едно возило од 82.600 евра и второ од 41.300 евра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Бесрамно и бесчуствително. Здравството ни функционира со донации, а граѓаните се лекуваат преку собирање пари со смс пораки, ама затоа директорите назначени од Заев купуваат за лични удопства. Додека во Македонија нема доволно амбулантни возила, власта набавува 45 службени возила за функционерите. Додека нема доволно лекови, инсулин и клексани по аптеките , власта аздисува со народни пари Додека се кубури со вакцини, функционерите од власта на Заев го трошат буџетот безмислосно, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека следниот пат кога граѓаните ќе видат апел за собирање на средства за лекување, или кога нема да можат да дојдат до лековите и терапијата , ќе се сетат дека директорите именувани од Заев парите ги потрошиле за нови возила и за луксуз.

 

– Ова мора да престане, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

28.05.2021 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега