ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните веќе нема да бидат жртви на валканите игри на Филипче во здравството

 

Филипче и СДСМ треба да знаат дека нема повеќе како до сега. Ова денеска го велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во прилог соопштението во целост:

Филипче и СДС треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да бидат жртви на валканите игри кои со години го уништуваа зравствениот систем.

СДС на чело со Филипче како екс министер за здравство предизвика огромни финансиски загуби но и директно ги оштетуваше онколошки болните кои остануваа без терапија.

Со години, Клиниката за онкологија набавувала лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, Д-р Пановски за потоа истите тие лекови да се враќаат веднаш штом компанијата ќе добие нов тендер.

Системот на СДС што дозволуваше уцени врз државните здравствени институции преку монополизираните испораки на лекови повеќе не функционира.

Нема веќе како до сега, ниту ќе постојат реверси, ниту ќе постојат екстра профити за кланот на Филипче.

Со прекинот на испораките на лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, ставен е крај на милионските профити што ги полнеа приватните џебови на мал круг луѓе.

Овој криминален механизам беше директно поддржан од Филипче.

ФЗОМ го решава проблемот кој го остави СДС за профит на поединци.

Молкот на ЈО е срамен. ЈО да покрене постапка и да го истражи случајот до крај.

30.01.2025 - 09:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега