ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ успеаја во намерата за раздвојување на Албанија и Македонија во европските интеграции
Честито. Уште едно достигнување за кое се заслужни ортаците во криминал и неспособност СДС и ДУИ. Успеја во намерата за раздвојување на Албанија и Македонија во европските интеграции. За ова достигнување напорно работеа 7 години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Измамници какви мајка до сега не родила - СДС и ДУИ лажеа дека сме почнале преговори, а работеа на раздвојување на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ.
Артан Груби стана крал во криминал, а Бујар Османи велемајстор во утки и порази. И за сето ова има еден Заев кој става печати на сево ова со потпишување на разни договори.
Заев ветуваше почеток на преговори уште пред 6 години, кога се сликаше во владиниот авион, што се испостави како лага.
Филипче е дел од ова зло кое СДС и ДУИ и го нанесоа на Македонија. Тој заедно со Заев беше дел од најкриминалната влада која системски произведуваше корупција.
Додека сите земји се развиваа и имаа раст, Македонија назадуваше на секое поле од судство со 2% доверба до раст на БДП по глава на жител кој е дупло помал од растот на земјите во регионот во период 2017- 2022.
СДС и ДУИ нанесоа трајни штети врз Македонија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа