Внимавајте како возите во Србија: Возилото може да ви се одземе трајно
Во Србија до средината на годинава стапува во сила нов Закон за безбедност во сообраќајот.
Со него се укинуваат пробните возачки дозволи, а за најтешките прекршоци возилата трајно ќе се одземаат, пренесуваат српските медиуми.
Ќе се воведат и „паметни“ камери со вештачка интелигенција, сензори за „мртви агли“ и системи за автоматско сопирање.
Младите возачи ќе добијат стандардни дозволи со посебна шифра и можност за возење во странство.
19.02.2025 - 11:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа