Внукот на Мухамед Али има совршен скор, победи во осмата борба

 

Внукот на еден од најголемите боксери на сите времиња, Мухамед Али, ја доби осмата борба во кариерата. Нико Али Волш го победи Едуардо Ајала со одлука на судиите во една од воведните борби на настанот во „Desert Diamond Arena“, во Аризона.
Нико има 22 години и е син на Рашеда Али, ќерката на Мухамед Али која имала вкупно девет деца.

Нико Али Волш сега има беспрекорен рекорд во својата боксерска кариера, со осум победи во осум борби. Своето деби го имаше во август 2021 година, кога имаше само 20 години. Пред борбата против Ајала, Нико му посвети неколку зборови на својот дедо, без кој никогаш немаше да почне да боксува.

“Кога бев мал, удирав во боксерската вреќа со него. Свесен сум дека секогаш ќе имам мета на мојот грб. Од моето раѓање сум под притисок, отсекогаш сум го чувствувал. Сите очекуваат од мене да бидам одличен боксер. Сите сакаат да ме нокаутираат кога ќе слушнат дека сум внук на Али“, изјави Нико по борбата.

04.02.2023 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега