Во дел од маркетите утрово нема леб, пекарите го намалија производството

 

Граѓаните кои утрово поранија да купат леб, беа пречекани од полупразните полици во маркетите. Дистрибутерите утринава донесоа леб кој вчера на пекарите им останал непродаден.

Иако претставниците на пекарската индустрија пред два дена најавија дека ќе го прекинат производството на леб ако Владата донесе одлука за замрзнување на цената на лебот, одлуката вчера беше донесена. Владата  ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари и  ја укина субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи.

Од пекарската индустрија иако најавија дека ќе причекаат одлуката да излезе во Службен весник, па потоа ќе го прекинат производството, некои пекари го намалија производството уште денес.

01.03.2023 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега