Во прекин сообраќајот на патот Штип - Кочани поради сообраќајка


Поради сообраќајна несреќа денеска од 7:40 часот сообраќајот на експресниот пат Штип - Кочани е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

27.05.2024 - 08:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега