Во Скопје наврна најмалку дожд, а тука највеќе
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Тетово, 21 литар на метар квадратен, а најмалку во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Дојран и Берово, еден литар.
Според УХМР, до 8 часот се измерени 19 литри во Крушево, 8 во Крива Паланка и на Попова Шапка, 5 во Виница, 3 во Прилеп и Гевгелија, како и 2 во Струмица, Маврови Анови и Ѓуриште.
За денеска врнежи се најавуваат. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде од 25 до 33 степени, а УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 31 степен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа