Во Скопје се роди четворка – Благица и Александар наеднаш добија 4 деца
Во Скопје се роди четворка. Брачниот пар Благица и Александар Зикови од Штип станаа родители на три момчиња и едно девојче.
Бебињата се родени на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје со помош на докторката Елена Ели Николовска која ја водела целата бременост.
Тазе мајката во изјава за порталот 4news.mk истакнала дека нејзината докторка била позитивна и со нејзина поддршка успеале да стигнат до 31-та недела од бременоста.
Бебињата се предвремено родени, но се во добра здравствена состојба, а мајката за порталот вели дека е пресреќна бидејќи има вистинско богатство.
Интересно е што оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа