Во зимски услови 120 планинари се искачија на Царев Врв

 

Вкупно 120 планинари од Крива Паланка, Куманово, Пробиштип и Скопје, вчера го искачија вториот по височина врв на Осоговските Планини, Царев врв, во зимски услови, во рамки на заедничката акција организирана од планинарско- спортски клуб „Калин Камен", Крива Паланка и планинарско друштво „Хајкинг", Скопје.

- На оваа акција имаше повеќе од 120 планинари. Покрај нашите друштва имавме  и планинари од „Козјак", Куманово и  планинари од Пробиштип. Времето ни беше наклонето бидејки температурата не беше ниска, а ветерот ја немаше таа сила како предходните години. Акцијата започна од собирна точка „Осоговски бисер", по што групите се упатија кон езерцето, локација на која како водич, заедно со колегата Славко Новјановски ги запознавме учесниците со потеклото на името на Осоговските Планини, името на Калин Каменми се запознаа со сите неопходни детали за движење низ планина во зимски услови. Околу еден час подоцна ја искачивме првата кота, Калин Камен, на 1884 надморска височина, делница на која поради големиот нагон на теренот имавме проблем со замрзнатиот снег,па движењето беше бавно. На оваа кота одморивме малку, а планинарите уживаа во зимската идила. Продолживме движејќи се во отежнати услови, со големи траси подмрзнат снег и оголени била, што ни овозможи по брзо движење, за да, нешто по 12 часот, успешно го искачиме Царев Врв, на надморска височина од 2084 метри, познат уште и како Султан Тепе. Овде групите се задржаа кратко и бездбедно се вративме до појдовната точка, кадешто уживавме уште малку во заедничка планинарска дружба, заминувајќи кон дома, изјави Стојане Костовски, планинарски водич од ЗПСК „Калин Камен", Крива Паланка.

Костовски е водич и активен планинар на седумдесет и осум годишна возраст, кој досега го има искачено Царев Врв 136 пати, од 1990 година до денес, а 35 години во низа, традиционално се искачува на врвот на 2 јануари.

- Искачувањето оваа година беше во прекрасно време, но со многу висока снежна покривка, со силен ветер што придонесе за намалена контрола на теренот при спуштањето, така што конечното спуштање во Крива Паланка беше во 22 часот, со едно различно патешествие, пријава во полиција од семејството дека сум исчезнат, раскажува Костовски.

Костовски е исклучително активен планинар и вистински пример за сите членови на планинарските клубови, од градот и регионот. Минатиот викенд беше дел од групата планинари од Скопје и Пирот, Србија, што успешно се искачи на највисокиот врв на Балканот, Мусала, висок 2925 метри.

27.01.2025 - 10:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега