Водителката Лила Филиповска ја откри својата најголема љубов
Познатата водителка на квизот „СЕ ИЛИ НЕШТО“, Лила Филиповска денеска ја откри својата најголема љубов.
Имено, денеска е роденден на нејзиниот син Филип Филиповски. Таа „се разнежни“ и „го отвори срцето“, со зборови, му испрати порака на својот син. Воедно, сподели и заеднички фотографии, навраќајќи се на убавите спомени.
„Еден живот една љубов…син, другар, поддршка, заштитник веќе 27 години…ете затоа сум толку силна Најсреќен роденден Филипе мој да си здрав, жив и најсреќен…и уште долго да ме чуваш, браниш, пазиш и мазиш… те сака што би рекол ти мајка ти Лиле Филипова“ - напиша позната водителка, на социјалната мрежа фејзбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа