Возачи внимавајте: Магла на Ѓавато и на патниот правец Тетово-Попова Шапка
Намалена видливост поради магла утринава има на планинскиот превој Ѓавато и на патниот правец Тетово-Попова Шапка.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека видливоста на Ѓавато е до 50 метри, а на патниот правец Тетово-Попова Шапка од 60 до 70 метри.
Поради минирање за изградба на експресниот пат А2, делница Длабочица - Чатал денеска од 13 до 16 часот ќе има прекин на сообраќајот на потегот од село Ветуница до мостот на река Блидеш.
01.03.2023 - 09:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа