Вознемирувачко видео: Негувателка во Велика Британија малтретира старица- ја влече за коса и за нос
Ќерката на Лиз Јангс, Корина Канингам забележала дека нејзината мајка има модринки и полесни повреди по телото уште во летото 2019 година.
Британската полиција објави вознемирувачко видео на својот Твитер, а на снимката се гледа како медицинска сестра злоупотребува старица со деменција, а 29-годишната медицинска сестра, Џени Деди беше осудена од суд на шест месеци затвор.
Деди требала да се грижи за 69-годишната Лиз Јангс, но наместо да се грижи, таа била насилна, ја влечела за косата и за нос.
"Во една прилика, Лиз беше оставена во инвалидска количка половина час, покриена само со крпа над скутот. Тоа е само еден од инцидентите снимени од надзорна камера. икој не сака да ги гледа своите блиски во ваква состојба, затоа е важно е да се бара правда за жртвите", рече детективот Гема Викс , кој исто така ја водеше истрагата.
Откако заврши судскиот процес и Деди беше осудена на шест месеци затвор, семејството на старицата одлучи да го сподели видеото за да може јавноста да види што се случува, соопшти полицијата.
"Ние знаеме дека објавувањето на оваа снимка предизвика силни реакции, како што разбираме, тешко е да се гледа. Го зедовме предвид тоа пред да го објавиме. Семејството на г-ѓа Лиз сакаше да спречи слични случаи", објави полицијата.
Лиз почина за време на истрагата, рекла нејзината ќерка Корина и нагласила дека целиот случај уште потешко и паѓа бидејќи знае како нејзината мајка ги поминала последните денови од нејзиниот живот.
A 29-year-old woman who mistreated a vulnerable woman in her care has been sentenced to six months imprisonment. https://t.co/Pn4RO3ddoX pic.twitter.com/zqGsLtGOIu
— Norfolk Police (@NorfolkPolice) January 22, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа