Времето денеска: Променливо облачно и врнежливо
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во текот на неделава времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Во попладневните часови на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа