За инат на Ким, Канје има нова девојка - Џулија Фокс е неговата понежна половина
Канје Вест, наводно, започнал врска со Џулија Фокс „за да ѝ влезе под кожа на Ким Кардашијан, објавија таблоидите, цитирајќи инсајдер.
44-годишниот рапер неодамна почна да излегува со актерката Џулија (31), но според инсајдерот, Канје едноставно се обидува да ја испровоцира својата отуѓена сопруга.
„Тоа е очајна игра за внимание. Нема друго објаснување кога тој избира и решава со кого да излезе во јавност“, објасни изворот.
Познато е дека контроверзниот рапер сè уште не може да ја преболи Ким (41) – која има четири деца со него – и не може да се соземе откако таа започна романса со комичарот Пит Дејвидсон.
Друг извор за весникот „Њујорк пост“ изјави: „Тој јавно се бори за враќање на своето семејство, а при тоа се поврзува со сите овие различни девојки. Тоа е многу чудно“.
Во меѓувреме, пријателите на Ким мислат дека Пит е „токму она што ѝ требаше“ по разделбата со Канје.
„Крајот на бракот беше многу мрачен период за неа и Пит е најдобриот противотров“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа