Забрана за тешки товарни возила на патот Крива Паланка – Г.П. Деве Баир
Од 14:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Г.П. Деве Баир, информираат од АМСМ.
Претходно беше соопштено дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.
15.12.2023 - 14:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа