Забрзајте го слабеењето со овие три зачини
Доколку сакате да го подобрите и забрзате процесот на слабеење, еден од чекорите е да го подобрите вашиот метаболизам.
Следниве зачини ќе ви помогнат во тоа:
Чили
Капсицинот, активната состојка во чили пиперките што го дава нивниот лут вкус, има ефект на зголемување на потрошувачката на енергија и нивото на маснотии. Научниците дошле до резултати кои покажале дека може да го намали апетитот, што пак ја намалува количината на внесена храна.
Цимет
Освен чилито, истражувањата покажале дека и циметот значително ја зголемува потрошувачката на енергија и помага во борбата против вишокот килограми. Регулирање на дигестивниот систем, исфрлање на гасови, подобрување на варењето и успешно ублажување на потребата за слатки се само дел од придобивките на циметот. Покрај тоа, го намалува апетитот и природно го регулира нивото на инсулин.
Бибер
Истражувањата покажуваат дека биберот одлично ги уништува токсичните материи во организмот, додека бибер водата се покажала како многу моќно средство за разградување на масните наслаги.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа