Забрзајте го вашиот метаболизам: Во утринското кафе треба да го додадете само овој зачин

 

Како го започнувате вашиот ден? Доколку вашиот одговор е „со пиење на една шолја кафе“ ви предложуваме за што повеќе да уживате во него и вашето тело да ги почувствува позитивните ефекти на тој напиток, а тоа подразбира забрзување на метаболизмот, будење и на органите, да го направите следното.

Нутриционистката Лиза Рардс нагласува дека најдобро е да го пиете обичното црно кафе без додаток на млеко или пак шеќер поради тоа што така внесуваме само непотребни калории.

Исто така таа советува дека еднаш во текот на денот во кафето да додадете и малку цимет. Таа според лично искуство потврдила дека кафето со малку цимет е навистина моќно.

Имено, секое утро таа во својот омилен напиток додавала една лажичка од тој зачин. За еден месец забележала значајна разлика во својата телесна тежина.

Успеала да ослабне дури 4 килограми и да се ослободи од маснотиите кои со години ги имала на стомакот.

„Циметот ја поттикнува термогенезата во телото“, објаснила Ричардс, па додала и дека тоа доведува до топење на масните наслаги.

„Тоа е процес на загревање на телото и тој може да доведе до тоа да се согорат повеќе калории. Освен тоа, циметот е природна опција за поттикнување на термогенеза и секако подобар избор од разните суплементи кои можат да го направат тоа“, објаснила нутриционистката.

Таа исто така споменала дека ова не е волшебен напиток и дека резултатите нема да бидат видливи без коригирање на исхраната и воведување на физичка активност.

06.10.2021 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега