Зад ова убаво лице се крие убиец: Кортни е обвинета за убиство на поранешното момче
Кортни Клени (25), модел од платформата OnlyFans, е обвинета за убиство на своето момче, а неговото семејство вели дека таа треба да го помине остатокот од животот зад решетки.
Клени е осомничена за убиство од втор степен, а адвокатот што го застапува семејството на Кристијан Обумсели (27) вели дека се задоволни што манекенката конечно е обвинета. Таа е обвинета дека го прободела момчето во градите по расправија во нивниот луксузен стан во Мајами.
Одбраната тврди дека Обумсели ја демнел со недели и дека Клени дејствувала во самоодбрана откако наводно ја фатил за врат.
Според извештаите, двојката била во бурна врска две години.
-Обумсели беше насилник, најлошиот вид на насилник. Ја манипулираше во приватност кога немаше никој, изјави адвокатот Френк Прието.
Клени, која има околу 2 милиони следбеници на Инстаграм, беше на Хаваи каде се лекуваше од зависност и посттрауматско стресно растројство кога беше уапсена минатата недела. Неколку пати била апсена поради возење во пијана состојба.
Обвинителите на Јужна Флорида, во меѓувреме, објавија снимки од надзорните камери на кои се гледа како Клени го напаѓа во лифт еден месец пред убиството.
Обумсели во ниту еден момент не возврати на ударите. Сепак, обезбедувањето на нивната зграда во неколку наврати интервенирало поради насилничкото однесување на овој пар, при што им се заканувале дека ќе бидат исфрлени од станот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа