Заев го повика да се гласа за Васил: Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него

Македонскиот претставник на годинашната Евровизија, Васил Гарванлиев вечерва ќе настапува шести по ред, на првата полуфинална вечер, а по тој повод премиерот Заев се огласи на својот Фејсбук профил и го повика светот да гласа за Васил.

„Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и "Here I stand". Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!“ напиша Заев на Фејсбук

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2021 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега