Заев: Во моментот не можам да кажам дека сме 100% единствени зашто наши докажани социјалдемократи најавуваат независни листи во Охрид

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вели дека партијата во моментот не е 100 отсто единствена откако партиски членови најавија независна листа за кандидатура на локалните избори во Охрид.

Во интервју за „360 Степени“ по партискиот Конгрес рече дека за граѓаните е многу важно единството.

-Јас верувам дека во единството е силата и верувам дека не до крај успешни во своите политики, ако сме единствени ќе нѐ поддржат граѓаните затоа што и тоа им е важно на граѓаните. Некогаш и да сме 100 отсто успешни ако сме разединети веројатно и ќе нѐ казнат. Единството не значи исто да мислиме и едноумие да има во СДСМ, но треба да негуваме, надградуваме и секој пат да го доградуваме тоа единство. Во моментот не можам да кажам дека сме 100 отсто единствени зашто наши докажани социјалдемократи најавуваат независни листи во Охрид, рече Заев.

Вели дека лично тој, но и партиското раководство ќе работат на тоа да видат зошто борбата не се продолжи внатре во СДСМ.

-Верувам дека некои од нив можат да бидат кандидати на било кои од позициите за претстојните локални или следни избори коишто доаѓаат во државата зашто се работи за докажани наши луѓе. Семејството Чинговски, Рилковски и многу други наши поранешни пратеници, поранешни носители на високи општествени и партиски функции. Тоа се мои другари, но знаете како, не можеме секој пат за сите да бидеме инспирација. Некој пат веројатно сме иритација за некој. Работејќи да погодите за некој, може да погрешите на друго место,      рече Заев, додавајќи дека е отворен за дискусија.

Во однос на напуштањето на партиската функција од Радмила Шекеринска, Заев вели дека таа симболот на европскиот пат во Македонија.

-Еден сериозен кадар, редок во Европа, не само во Македонија, за меѓународната политика. Искусен политичар, кој секој сака да го има до себе. Јас сум среќен што во 2013 година прифати таа, прифатив и јас да влеземе тандемски, рече Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2021 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега