Захарова го спореди Макрон со лик од бајка
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за Русија и францускиот нуклеарен арсенал „не се во согласност со реалноста“ и се во спротивност со неговите претходни позиции.
„Секој ден дава изјави кои немаат врска со реалноста и кои се во спротивност со неговите претходни изјави. Каков раскажувач“, рече Захарова, додавајќи дека Макрон ја потсетува на ликот од бајката „Оле Лукоја“ на Ханс Кристијан Андерсен, кој носи два чадори и ги отвора над децата кои спијат.
Захарова направи паралела меѓу тој лик и идејата на Макрон за „нуклеарен чадор“ што Франција ќе и го понуди на Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа