Заменикот на Шолц: Се шират повици за државен удар

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек денеска предупреди дека екстремните сили го киднапирале протестот на земјоделците што се одржува низ целата земја.

ДПА јави дека Хабек повикал на заштита на демократијата.

Хабек, кој е и германски министер за економија, објави видео порака на социјалните мрежи.

„Се шират повици со фантазии за државен удар. Се формираат екстремистички групи, отворено се прикажуваат националистичките симболи“, –рече Хабек.

Тој додаде дека „станува јасно дека во последниве години нешто почна да ги ограничува легитимните демократски протести и слободата на изразување“.

08.01.2024 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега