Западните држави ги купиле речиси сите дози: Девет од 10 луѓе во сиромашните држави ќе останат без вакцина против Ковид-19

 

Девет од десет луѓе во најсиромашните 70 држави во светот најверојатно нема да се вакцинираат против висурот Ковид-19 зашто мнозинството од најветувачките вакцини се купени од западните земји, предупреди Алијансата „Пиплс ваксин“.

Велика Британија вчера почна со имунизација на населението. А, Асоцијацијата предупредува дека владите на богатите земји на големо купуваат вакцини, оставајќи ги сиромашните држави во немилост на вирусот.

-Богатите земји со 14% од светското население имаат обезбедено 53% од севкупното количество на најразвиените вакцини против ковид-19. Само Канада има нарачано толку многу вакцини што пет пати ќе може да го вакцинира своето население. Ако нешто не се смени драстично, милијарди луѓе нема да добијат безбедна и ефективна вакцина против ковид-19, вели алијансата.

Според засега достапните информации, речиси целото количество од вакцината на Фајзер ќе оди во богатите држави. Западот купил 96% од дозите на оваа вакцина. Вакцината на Модерна исто така е целосно наменета за богатите земји.

Овие две вакцини се многу поспаки, но дополнителен проблем е што мора да се складираат на ултраниски температури. Така што, проблем би бил и транспортот, но и складирањето.

Оксфорд и „АстраЗенека“ кажаа дека 64% од нивната вакцина ќе оди во земјите во развој, што беше поздравено од алијансата, со напомена дека една компанија не е доволна за да го снабди целиот свет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега