Заслуги, а не датум, порача Европската комисија откако Мишел најави проширување на Унијата до 2030 година

 

 

Проширувањето е приоритет за овој состав на Европската комисија и кога станува збор за проширување ќе се заснова на заслуги, изјави на прес-конференцијата портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант.

„Секогаш велиме дека проширувањето се заснова на заслуги, дека земјите треба да се приклучат кога ќе бидат подготвени“, рече Спинант.

Таа додаде дека тесно ќе соработува со земјите за да се подготват за влез во ЕУ и да ги спроведат реформите.

Спинант рече дека Европската комисија не е фокусирана на датумот на следното проширување, туку на работа со земјите да бидат подготвени за влез во ЕУ, додавајќи дека на лидерската средба во Гранада ќе се разговара за реформите во ЕУ.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел вчера изјави дека до 2030 година ЕУ и земјите кандидатки мора да бидат подготвени за ново проширување на Европската Унија.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи изјавата на Мишел ја оцени како историска и важна за нас . Османи ја коментираше и вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со различни брзини“, велејќи дека била погрешно интерпретирана од страна на опозицијата и оти Макрон зборувал за динамиката на членство, а не за Европа на различни нивоа.

29.08.2023 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега