Здрава запршка без брашно - оваа намирница ќе го згусне јадењето за секунда, лековите е и евтина
Кога сакаа да ja згуснат супата, гравот или некој сос, нашите мајки и баби правеа запршка, односно мешаа брашно со масло или некоја друга маст и го додаваа во јадењето.
Денес постојат поедноставни и поздрави алтернативи за згуснување на течните јадења „на лажица“, кои се полни со протеини.
Црвената леќа е најдобрата замена за нездравото пропржено брашно.
Таа е лесно сварлива мешунка која содржи околу 330 калории во 100 грама сува леќа и приближно 24 грама протеини од растително потекло.
Не е неопходно да се кисне со часови пред термичка обработка, како што е случајот со наутот или гравот, а потребни се само околу 15 минути за да се свари.
Колку леќа ви треба а згуснување јадење?
Употребете 100 грама сува леќа на 500 милилитри до 1 литар течност како вода или бујон.
При варење таа ќе се впие доволно количина течност и ќе го згусне јадењето.
Можете и да ја измиксирате додека не добиете кремаста или густа течност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа