Земјите од Австралија и Океанија веќе влегоа во новата година

Неколку држави веќе ја дочекаа новата 2024 година. Кирибати беше првата државата во светот која славеше, па потоа Четамските Острови, Нов Зеланд и Австралија.

Во Нов Зеланд, во Окленд беше организиран огномет од Sky Tower, највисоката зграда во земјата.

 

Огромна толпа се собра во Сиднеј, Австралија за еден од најспектакуларните новогодишни огномети во светот.

Честа први да ја прослават новата година ја имаат малите океански нации. Поради различните временски зони, на целата планета ѝ требаат 26 часа за да влезе во 2024 година, од кои последното населено место е Американска Самоа.

31.12.2023 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега