''Жешка'' русокоса: Покрај ваква убавица голманот на Барселона лесно ќе заборави сè
Кога станува збор за фудбалот, претходниве неколку денови најмногу се зборува за триумфот на Баерн Минхен во Лигата на шампионите, но исто така и нивната убедлива победа против Барселона, 8:2.
Многу време ќе треба да помине за Меси и неговите соиграчи да закрепнат од поразот, но тој секако дека засекогаш ќе остане запишан во историјата на Барселона, но и во Лига на шампионите.
Голманот на Барселона, Андре тер Штенген дури осум пати мораше да ја гледа топката во својата мрежа, што секако дека ги става во заборав неколкуте одлични интервенции кои што ги имаше во текот на натпреварот.
Како и да е, малкумина се оние кои што сакаат сега да бидат во кожата на Штенген, но животот оди понатаму, а едно е сигурно - дека за да заборави што се случи нему ќе му помогне неговата прекрасна сопруга Даниела.
Згодната русокоса е негова долгогодишна љубов, а вниманието во светската јавност го привлече оној момент кога како негова поддршка пристигна на Камп Ноу.
Без оглед на тоа што по поразот тешко беше да се најдат зборови за утеха за Барселона, без сомнеж оваа девојка ќе му помогне на голманот многу полесно да премине преку тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа