Зимската бура во Канада, откажани многу летови

 

Замрзнат дожд, силен ветер и големи количества снежни врнежи ја парализираа денеска Канада, каде училиштата беа затворени, многу домаќинства останаа без струја, а летовите беа откажани.

Повеќе од милион домаќинства и бизниси останаа без струја, а луѓето кои планираа да патуваат со авион во пресрет на Божиќ беа принудени да ги откажат патувањата.

Зимската бура се движи низ двете најнаселени провинции во Канада, Онтарио и Квебек, и ќе влијае на животот на повеќе од две третини од Канаѓаните, изјави канадскиот метеоролог Стив Флисфедер, пренесува Ројтерс.

Најголемата авиокомпанија во земјата, Ер Канада, предупреди на бројни одложувања и откажувања на летови, додека втората по големина авиокомпанија WestJet Airlines ги откажа сите летови на аеродромите во Торонто, Отава и провинцијата Квебек.

Според веб-страницата FlightAver, на најфреквентниот канадски аеродром Пирсон во Торонто денеска се откажани вкупно 320 полетувања и слетувања, што претставува третина од сите летови за тој ден, а 200 летови биле одложени.

23.12.2022 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега