Адеми: Дојде време за претседателот да биде Албанец

Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбер Адеми на денешното обраќање пред медиумите соопшти дека било време претседател Албанец да застане на чело на државата.

По прв премиер Албанец, по министер за одбрана, претседатели на Управен суд, на боречка, фудбалска, боксерска федерација, правобранители – па дојде време да го отовриме патот и претседателот на биде Албанец. Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е претседател да се бира во Собрание, со над 80 гласови, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус, за да се обезбеди над 80 гласови да се спречи техничкото надгласување само од двете поголеми македонски политички партии“, рече Адеми.

Меѓудругото, информираше дека ДУИ започна со собирање на потписи за Бујар Османи, кој ќе ја трча претседателската трка како кандидат на оваа партија. 

23.02.2024 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега