Американски пар биле 16 години заедно и имаат пет деца- потоа запознале девојка и со неа го чекаат шестото дете
Џенифер Армстед (34) од Калифорнија со нејзиниот сопруг Лерон Армстед (33) веќе се 16 години заедно имаат пет деца – Остин (9), Ајдон (7), Ајролин (5), Алара (3) и Арија (2)) Тие беа во среќен брак девет години кога Лерон ја запознал Амиа Мунингам (29) на Фејсбук, со која и двајцата почувствувале голема поврзаност, пишува Дејли Меил.
Лерон и Џенифер никогаш порано не разговарале за идејата за отворање брак со полиаморија, каде две лица започнуваат дружење со иста личност надвор од постојната врска, но претходно разговарале дали да склучат отворен брак или не и заклучиле дека тоа не е за нив.
Амиа, од друга страна, веќе била во полиаморна врска кога ги запозна и била желна да разговара за идејата за создавање романтична тројка со Лерон и Џенифер. На нејзино задоволство, парот имал желба да ја истражи можноста.
View this post on Instagram
-Во тоа време, не знаевме што е полиаморија, но јас и Лерон дојдовме до ситуација во нашиот брак да разгледаме многу работи. Зборувавме за отворен брак, но бидејќи и двајцата сме прилично емотивни луѓе, знаевме дека нема да биде вистинската динамика за нас. Како што одеа работите, почнавме да мислиме дека можеме да внесеме некого во нашиот брак – рекла Џенифер. Само четири месеци откако ја запознале Амиа, тие ја прифатиле во брак и брзо започнале да размислуваат за можноста Амиа и Лерон да се обидат да имаат дете. Сите се согласиле со тоа, а Амиа сега е бремена пет недела со своето прво дете, кое ќе го воспитува заедно со петте деца на Џенифер и Лерон.
View this post on Instagram
Иако тие велат дека се посреќни од кога и да е во нивната полиаморска врска, тоа не значи дека работите секогаш биле лесни. Заедно морале да се соочат со љубомора, несигурност и конфликт, а на Џенифер и било особено тешко да се адаптира на новата динамика и идејата за првпат да бидат во романтична врска со жена. Сепак, сите тие работеле напорно за да одржат здрави односи, фокусирајќи се на отворена комуникација и разбирање.
-Амиа и јас поминавме многу време заедно и бевме многу блиски, но бидејќи и двете не бевме сигурни како да бидеме со друга жена, понекогаш се наоѓавме во непријатна ситуација – рекла Џенифер.
-Тоа беше процес на учење, особено за тоа како да се има врска со жена. Да се биде бисексуалец е една работа, но да се има успешна романтична врска е малку поразлично.
Една од големите пречки што тие морале да ја надминат е како и кога да ја запознаат Амиа со децата, за што на крајот заклучија дека ќе се случи природно. Нивната најмлада Арија ја запознала Амиа кога имала само осум месеци, додека другите постепено ја запознале неколку недели. Според Џенифер, децата првично ја гледале Амиа како нова пријателка на нивните родители, сепак, постарите деца наскоро сфатиле дека таа е повеќе од тоа.
View this post on Instagram
Џенифер, Амиа и Лерон знаеја дека следниот предизвик ќе биде да им ја кажат вистината на своите семејства и повеќето им пружаа поддршка, дури и оние кои не се согласуваат со таквиот начин на живот.
-Таквите врски можат да функцонираат кога се градат правилно, тие можат да бидат убава работа. Луѓето имаат тенденција да мислат дека овие врски се насочени кон мажот и тоа апсолутно не е точно, бидејќи односот помеѓу жена и жена е подеднакво важна. Многу пати, некои од нас се чувствуваат изоставени, но тоа може да биде затоа што една личност има многу повеќе работа или одговорности од другите две. Ние само се обидуваме да обрнеме внимание на сите потреби – заклучи Џенифер.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа