АМСМ: Патниот правец Прилеп-Градско вратен во нормaла, по случената сообраќајка
Патниот правец Прилеп-Градско е вратен во нормала, по случената сообраќајка, штотуку информираа од АМСМ.
„Во 18.35 часот на магистралниот пат А-1, патен правец Прилеп-Градско, сообраќајот се одвива наизменично“, стои во известувањето на АМСМ испратено до медиумите.
Претходно информиравме дека сообраќајот беше во прекин поради случена сообраќајка, но се уште се непознати деталите за истата. Прес24 побара одговори од Министерството за внатрешни работи за евентуални повредени/загинати во несреќата, но одговор до објавување на веста не добивме.
04.07.2023 - 19:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа