Ужас во скопско училиште: Наставничка со тврд предмет нападнала ученички во соблекувална
Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште.
Според пријавата, таа во текот на вчерашниот ден, во соблекувална во училиштето кое се наоѓа на Бит Пазар, за време на час по физичко воспитување, ја нападнала неговата ќерка и неколку нејзини соученички.
Меѓудругото, во пријавата се наведува и дека наставничката зад која стојат иницијалите Е.Ј. употребила и дрвен предмет.
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.
28.02.2025 - 16:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа