Арсовска: Усје во Кисела Вода испушта трипати над дозволеното штетни честици
Цементарницата Титан Усје испуштала голема количина на штетни честици кои допринесуваат кон нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје, рече на вонредна прес конференција градоначалничката Данела Арсовска.
Во декември измерени биле трипати повеќе ПМ10 честици во атмосферата, а слични резултати се добиле и при мерењата извршени на почетокот на овој месец.
„Мерењата се извршени во два наврати и тоа на 26 и 27-ми декември и на 3-ти и 4-ти јануари оваа година. И во двата наврати измерени се пречекорувања во испуштањето на штетните гасови и честици кои го загадуваат амбиенталниот воздух“, изјави Арсовска.
Одговарајќи на новинарско прашање Арсовска вели дека мерењата се направени од релевантна и акредитирана лабораторија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа