Берово новогодишно се украсува

 

Со  светлечки украси се китат централното градско подрачје и главната улица, на влезот во Берово. Светлечки украси како што информираше градоначалникот на Берово се поставуваат на градскиот плоштад, а наскоро ќе бидат поставени и други реквизити, кои ќе ја надополнат новогодишната атмосфера. 

-Целосното украсување кое вклучува поставување на новогодишна елка и светлечки тунел, треба да биде заокружено во наредните неколку денови, по што Берово, како туристичка дестинација, за дочекот на новата 2024 година, ќе блесне со сиот свој сјај, рече Пекевски.

Во однос на останати содржини кои се подготвуваат за дочекот на Новата година, додаде дека граѓаните дополнително ќе бидат информирани.

-Сметаме дека украсувањето на градот, ќе донесе позитивен бран за сите нас, а особено ќе се радуваат децата. Украсувањето на градот, значи за секој од нас, да има можност да ја почувствува новогодишната атмосфера и да ужива во прекрасната слика на нашето најубаво Берово, вели Пекевски.

Покрај во централното градско подрачје, новогодишни украси во текот на неделата ќе бидат поставени и на други локации во градот.

12.12.2023 - 10:24
Фото: 
Фејзбук Општина Берово

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега